Брисел: Лидерите да се однесуваат одговорно, работата на Собранието е клучна за демократија
Европската комисијата порачува дека учеството во работата на Собранието е клучнo за развојот на европската демократија.
Неучествувањето во парламентарните активности ги спречува демократските функции на овие институции, и не обезбедува поголема рамнотежа на политичката моќ.
„Европската комисија ги повикува политичките лидери да се однесуваат одговорно, и да ги зајакнат демократските процеси во интерес на нивните граѓани и на евроатлантска индина на земјата“- вели портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич за „Мета“.
Oткако СДСМ денеска соопшти дека ќе се повлече од работата во Собранието, Европската комисија порача дека учеството во парламентарните активности е клучно за развојот на демократијата.
Од СДСМ побараа прво Уставен суд да се произнесе за уставноста на СЈО.
