Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел ќе го суспендира трговскиот договор со САД

Брисел ќе го суспендира трговскиот договор со САД

Брисел ќе го суспендира трговскиот договор со САД, со што му го возвраќа ударот на американскиот претседател Доналд Трамп. 

Суспензијата треба да биде објавена утре попладне во Стразбур, објави Би-Би-Си.

Договорот меѓу претседателот Доналд Трамп и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен беше постигнат на голф теренот на Трамп во Шкотска во јули.

Со него се намалија американските тарифи за целиот увоз од ЕУ на 15 отсто, што во тоа време се сметаше за добар договор со оглед на тоа што Трамп се закани со увозни даноци од 30 отсто. 

За викендот, неколку часа откако претседателот Трамп се закани дека ќе воведе тарифи за Гренланд, влијателниот германски европратеник Манфред Вебер изјави дека „одобрувањето во оваа фаза не е можно“.

Додека договорот се финализираше, ЕУ ги суспендираше сопствените одмазднички тарифи за американска стока во вредност од 93 милијарди евра.

Таа суспензија истекува на 6 февруари и без продолжување или парламентарно одобрување на договорот, царините на ЕУ за американските стоки ќе стапат на сила на 7 февруари.

Слично

Поврзани вести