Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел ja стави Бугарија под мониторинг поради економски дисбаланси

Брисел ja стави Бугарија под мониторинг поради економски дисбаланси
Набљудувањето ќе се реализира  преку засилен дијалог со националните власти,  преку мисии и извештаи. Бугарија е една од шесте држави во ЕУ, за кои Европската комисија утврдила дека доживуваат „прекумерна макроекономска нерамнотежа". Другите земји се Хрватска, Франција, Италија и Португалија, а во Финска, Германија, Ирска, Холандија, Шпанија, Шведска и Словенија има само „нерамнотежа". Заради овие причини, Комисијата ги става под посебен мониторинг сите овие земји. Мониторингот  ќе биде во согласност со типот и големината на дисбалансите, соопшти вчера во Стразбур потпретседателот на ЕК и комесар за еврото, Валдис Домбровскис. Според Комисијата дисбалансите во бугарската економија спречуваат јакнење на приватните инвестиции. Нето надворешни обврски и бруто надворешен долг на Бугарија стануваат поголеми. Корпоративната задолженост надвор од финансискиот сектор е висока. Во Австрија, Шпанија, Белгија, Унгарија, Романија и Велика Британија не се откриени вакви економски проблеми, а Грција и Кипар не се вклучени во овој извештај на ЕК. Во март и април се очекува Европската комисија да одржи билатерални средби со претставници на земјите-членки, на кои ќе бидат разгледани податоците од извештајот. Во април одделните земји треба да поднесат соодветните програми за реформи.
Слично

Поврзани вести