Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРИСЕЛ И ФРЛА НА ТУРЦИЈА „ЖЕШОК КОМПИР“: Анкара мора да прими економски мигранти!

БРИСЕЛ И ФРЛА НА ТУРЦИЈА „ЖЕШОК КОМПИР“: Анкара мора да прими економски мигранти!

Лидерите на ЕУ ќе бараат од Анкара да се согласи на депортација на економски мигранти од Грција и ќе бараат од неа да преземе мерки за намалување на големиот прилив на мигранти во Европа.

Со доаѓањето на пролетта се очекува нов прилив на бегалци, а преку Турција од почетокот на 2015 во ЕУ стигнале повеќе од еден милион мигранти.

Лидерите на 28 членки на Унијата сметаат дека успехот на утрешниот состанок во Брисел ќе зависи од тоа дали турскиот премиер Ахмет Давутоглу ќе се согласи да прифати голем број економски мигранти од Грција, пренесе АФП.

После утрешниот ручек со Давутоглу, во план е лидерите на ЕУ да се состанат сами.

Од Брисел соопштуваат дека Турција остварила напредок во примената на договорот од Ноември, кој предвидува помош на Анкара од три милијарди евра во замена на намалување на приливот на бегалци, но е предупредено дека од Турција во Грција и понатаму пристигаат најмногу мигранти.

Слично

Поврзани вести