Брисел: Груевски на средба со високи европски претставници
Владина делегација на чело со премиерот Никола Груевски денеска отпатува во Брисел да бара „чаре“ за политичката криза.
Груевски ќе се сретне со високите европски претставници а на средбата се очекува максимално да бидат интензивирани дипломастките контакти за да се стави крај на политичката криза која веќе со месеци владее во земјава.
Утре во Луксембург Советот за општи работи (министри за надворешни работи на ЕУ) ќе разговара за ситуацијата во Македонија и се очекува да се донесе заклучок за надминување на политичката криза во Македонија. Советот се очекува да изрази длабока загриженост за влошување на ситуацијата во земјава и да ги повика лидерите на сите политички партии да пристапат кон решавање на проблемите, јавува МРТ.
