Брисел: Грција направи важен чекор напред, но потребни се буџетски кастрења и во 2013 та!
Европската унија денеска го поздрави усвојувањето на новиот пакет мерки за штедење на грчкиот Парламент. Тоа е важен чекор“, но Атина треба да направи уште многу за да може да ја добие следната транша од помошта.
- Го поздравуваме резултатот од ова гласање како важен чекор во правилна насока. Сепак потсетувам дека има уште едно второ важно гласање на буџетот за 2013 година во недела, изјави Сајмон О’Конер, портпарол на еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен, јави БТА.
О’Конер, меѓу другото, истакна дека е потребен договор за одржливост на грчкиот долгорочен долг како и потребите за финансирање на земјата во иднина, со цел да биде доделена траншата од 31,5 милијарди евра.
Во исто време претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, пак истакна оти е малку вероjатно дека Европската централна банка (ЕЦБ) и понатаму ќе ја помага Грција бидејќи е забрането на земјите-членки на еврозоната да им се пружа директна помош.- ЕЦБ главно направи се што можеше, посочи Драги.
ЕЦБ претходно одлучи со посредство на владите на земјите-членки на еврозоната да и го даде на Грција целиот профит што ќе биде остварен од грчките обрзници, кои се во нивна сопственост три години за време на реализирањето на пакетот за спас на земјата. Таа сума што би можела да достигне до пет милијарди евра.
Слично
