Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел: Европски парламентарци ќе посредуваат меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Брисел: Европски парламентарци ќе посредуваат меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Европскиот парламент денес именуваше членови на делегацијата која ќе посредува во политичката криза во Македонија, објави денес прес службата на ЕП.

Пратениците Ричард ХХовит, Едвард Кукан и Иво Вајлг ќе посредуваат во спорот помеѓу владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ кој веќе со месеци ја тресе Македонија.

Кризата настана откако премиерот Никола Груевски го обвини опозицискиот лидер Зоран Заев дека со помош на странски служби се обидува да ја урне власта, а Заев возврати со објавување на аудио снимки кои откриваат распространета корупција и злоупотреби во владеачката коалиција.

Разговорите на европските парламентарци со колегите од Македонија ќе се водат во понеделник во седиштето на ЕП во Брисел и ќе бидат затворени за јавноста.

Слично

Поврзани вести