Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел чека барање од Македонија за помош на поплавените

Брисел чека барање од Македонија за помош на поплавените
Европската комисија, денеска уште еднаш потенцираше дека сѐ уште очекува официјално барање од македонските власти за финансиска помош за поплавените домаќинства. Тие очекуваат барање во кое има проценка за штетите и потребите на овие места, со цел Брисел да и помогне на Македонија за санација на штетите од поплавите. Портпаролката на Еврокомисијата Маја Коцијанчич, изјави дека Македонија не ги исполнува условите да аплицира за средства од Фондот за солидарност на Европската унија и дека Еврокомисијата сѐ уште нема добиено барање од државните органи за помош од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. „Ако добиеме такво барање, тогаш ќе ја испитаме можноста за обезбедување на поддршка што може да ја обезбедиме.”- изјави Коцијанчич.
Слично

Поврзани вести