Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бренгелман: Прво името, потоа членство во НАТО

Бренгелман: Прво името, потоа членство во НАТО

Прво решение за името, па членство во НАТО, повтори помошникот на генералниот секретар на Алијансата за политички прашања и безбедносна политика Дирк Бренгелман  по средбата со шефот на дипломатијата Никола Попоски. Според Бренгелман, Македонија ќе ја добие поканата за членство во НАТО веднаш штом се решат разликите со Грција за името и додаде дека останува одлуката од Букурешт што беше потврдена и на самитот во Чикаго.

„НАТО е најзаинтересиран за напредокот во владеењето на правото, правосудството и медиумите. Исто така се залага за целосно имплементирање на Рамковниот договор и  развој на меѓунационалните односи, што е тешко, но е реално остварливо“, забележа Бренгелман.

Министерот Попоски пак посочил дека Македонија е сериозен партнер на Алијансата.

„Зборувавме и за процесот за надминување на разликите со Грција која е пречка поради која се уште не сме во НАТО. Истовремено го информирав амбасадорот Бренгелман за активностите кои Македонија ги презема за градење на подобра клима во нашиот регион и сите оние придобивки кои може да ги има и Македонија и регионот и НАТО доколку нашето членство се случи поскоро“, изјави Попоски.

На прашањето дали има одговор од грчкиот премиер Самарас на писмото упатено од Груевски, Попоски тврди дека сеуште нема одговор од грчка страна, но се надева на позитивна реакција.

Претходно Бренгелман се сретна и со премиерот Никола Груевски како и со министерот за одбрана Талат Џафери.

Слично

Поврзани вести