Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бренер: Македонските компании да се изборат со предрасудите и да се промовираат!

Бренер: Македонските компании да се изборат со предрасудите и да се промовираат!
И ден денеска Германците имаат силни предрасуди кон земјите од поранешна Југославија. Ова главно се однесува на претприемачите и сопственици на мали и средни претпријатија, смета германскиот експерт Хито Бренер, консултант за извоз и претседател на Европската асоцијација на средни претпријатија. Тој од  Стопанската комора побара македонските компании да се изборат со овие предрасуди, да ги претстават своите фирми на интернетм, но препорача да учествуваат на што е можно повеќе саеми. Македонија има образовани претприемачи, смета Бренер, но и услови за инвестирање во технологијата, доверливи и отворени луѓе, што не е вообичаено за сите балкански земји. Ова, вели тој,  е клуч за добра зделка и мора да се искористи. Подготвен сум, нагласи тој, да им помогнам на македонските компании во остварување контакти со фирми од Германија. „ Но, за тоа ми е неопходна ваша помош. Промовирајте ги своите компании, особеностите на вашите фирми, само така ќе има смисла да одиме напред, да ја интензивираме соработката. Направете го тоа најдобро што можете, на три јазици, македонски, англиски, германски, за да ве најде секој што сака, и задолжително посетете еден од нашите 150 саеми“,рече Бренер. Тој исто така истакна дека неговата Германија е отворена за мултикултурна соработка. Од  82 милиона жители, 20 милиони не се Германци, четири милиони доаѓаат од Турција, пет милиони се од Русија, забележа тој.Во Германија живеат околу 200.000 Македонци. Најголем потенцијал за соработка со Македонија, Бренер гледа во изработувањето делови за германската автомобилска индустрија и во производството на мебел. Тоја дава услуги на мали и средни претпријатија во 25 земји нив светот, како консултант.
Слично

Поврзани вести