Бремените жени да не доаѓаат на работа се додека трае пандемијата - Владата ги потсетува газдите
Владата потсетува дека согласно владина одлука, објавена во Службен весник, бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на Пандемијата со КОВИД-19, прогласена од Светската здравствена организација.
Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, објавена во Службен весник на 04.11.2020 година.
„Оваа информација ја објавуваме по изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, на бремените жени, по 31 декември 2020 година“, се вели во владиното соопштение.
Инаку, владината одлука е донесена на седница одржана на 03 ноември годинава, по препорака на Комисијата за заразни болести.
Инаку, токму вчера имаше прва кривична пресуда на газда кој ја избркал од работа својата работничка од Куманово, која не доаѓала на работа бидејќи била бремена, односно ги користела ослободувањата што за оваа категорија ги даде владата.

Слично