БРЕГЗИТ силно ги погоди-нов удар на силната светска економија
Потрошувачките цени во Јапонија паднале во јуни за 0,5 отсто четврти месец последователно, задавајќи и нов удар на веќе здрманата економија која земјата ја води против дефлацијата.
Информациите за падот на инфлацијата од 0,5 отсто во јуни дошла откако Банката на Јапонија минатата недела предизвика мноштво шпекулации во врска со понатамошните монетарни олеснувања, откако владата најави оваа недела голем пакет поттикнувања, известува Франс прес.
Јунскиот пад на потрошувачките цени е поголем отколку што прогнозирале економистите кои во просек типувале пад од 0,4 проценти. Владата исто така соопштила дека потрошувачката на домаќинства ширум земјата паднала за 2,2 отсто во јуни во однос на година претходно.
Јапонските претставници се под силен притисок откако што програмот на економски мерки премиерот Шинзо Абе за поттик на растот на најголемата светска економија не ги дал посакуваните резултати.
Исходот на британскиот референдум ги погодил финансиските пазари и поттикна раст на јенот, заканувајќи се да ја загрози работата на јапонските фирми и зголемувајќи ја загриженоста во поглед на економски раст.
