Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брегзит продолжува да го поскапува златото

Брегзит продолжува да го поскапува златото

Златото поскапе од почетокот на годината за скоро  25%.

Цената на златото брзо се зголеми во петокот, откако мнозинството Британци го поддржаа референдумот за излегување од Европската унија и инвеститорите се насочија кон благородни метали и државните обврзници, соопшти Investing.com.

На њујоршката берза Nymex златото поскапе во петокот со 4,39% до 1 318,50 долари за унца, откако претходно го достигна врвот со 1 358,20 долари за унца.

И денеска златото продолжува да поскапува, а растот е со 0,44% до 1 328,25 долари за унца.

Освен поради Брегзит, благородните метали поскапеа и поради намалените очекувања за затегнување на монетарната политика во САД.

Оваа недела исто така се очекува висока пазарна нестабилност, откако минатата недела над 2 трилиони долари беа избришани од вредноста на глобалните акции, а британските  фунти поевтинија за 10%.

Слично

Поврзани вести