Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брегзит ќе ги насочи британските туристи кон евтината Бугарија?

Брегзит ќе ги насочи британските туристи кон евтината Бугарија?

Бугарија како нискобуџетна туристичка дестинација ќе се „офајди“ од референдумот во Британија, коментира  Румен Драганов, директор на Институтот за анализи и проценки во туризмот.

Последиците ќе доведат до намалување на куповната моќ на граѓаните на Велика Британија и се смета дека тие ќе летуваат на евтини дестинации како Бугарија, коментира експертот.

Секогаш кога економијата на Велика Британија била во подем, нејзините граѓани одмарале на најпрестижните туристички дестинации, а кога се во криза ги  бараат нискобуџетните, објаснува Драганов.

Прогнозите се дека во периодот од 2017 до 2019 година земјата ќе има туристи од Британија, Швајцарија, Франција, Германија и Шпанија и други европски земји.

Од друга страна за Бугарите, кои работат и учат во Велика Британија, нема да има последици по напуштањето на ЕУ поради космополитскиот карактер на земјата.

Слично

Поврзани вести