Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брнабиќ дојде на парадата на гордоста, во Белград мирно

Брнабиќ дојде на парадата на гордоста, во Белград мирно

Српската премиерка Ана Брнабиќ присуствуваше на парадата на гордоста во Белград за поддршка на ЛГБТ заедницата на која до пред некоја година во Србија имаше огромни инциденти и повредени учесници и полицајци. 

„Сметам дека Србија не е ксенофобна земја. Секако, постојат уште многу работи што треба да се направат, како Законот за родова рамноправност и Законот за дискриминација. Работиме и на Законот на Алекса, бидејќи насилството помеѓу врсниците е уште еден од големите проблеми со кои се соочуваат припадниците на ЛГТБ заедницата, особено во тинејџерските години“, рече на собирот премиерката Брнабиќ.

Брнабиќ која е првата премиерка на Балканот со јавна декларираност на геј сексуална ориентација беше придружувана и од белградскиот градоначалник Синиша Мали, како и 

министрите Зоран Ѓорѓевиќ и Бранко Ружиќ.

Слично

Поврзани вести