Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бразилскиот сој стигна на Балканот, откриен е во Словенија

Бразилскиот сој стигна на Балканот, откриен е во Словенија

Бразилскиот сој на коронавирусот стигна на Балканот, а откриен е во Словенија. 

Тој е регистриран кај едно семејство во градот Марибор.  Инфекција со тој вирус е потврдена кај три лица од една фамилија. Ова на прес-конференција го соопшти инфектологот Мареја Логар, кој го води стручниот совет за ковид-19 на Министерството за здравство.

„Се надевам дека увезениот случај без големо ширење, а зараза со тој сој не сме утврдиле кај други лица“, вели Логар.

Се претпоставува дека едниот член на фамилијата се заразил на работното место, а работи во фирма која комуницира со странски клиенти. Тој е хоспитализиран, додека другите два члена на семејството се во домашна изолација. Досега во земјата има и британски и јужноафрикански сој. Се смета дека јужноафриканскиот сој е поопасен, и дека вакцините на него не делуваат. 

Кафулињата и рестораните во два региона, во Посавје и на југоисток од Словенија, од денес ќе можат да работат нормално во пробен период што ќе трае седум дена. Словенија е во портокалово ниво на ограничувачки мерки.

foto freepik

Слично

Поврзани вести