Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бразилската компанија Seara Alimentos LTDA остана без лиценца за извоз на месо во Македонија

Бразилската компанија Seara Alimentos LTDA остана без лиценца за извоз на месо во Македонија

Со бришење од регистарот на овластени извозници на месо од Бразил и одземање на лиценца се соочи бразилската компанија Seara Alimentos LTDA, која извезува месо и во нашата земја.

Ова го соопштија од Агенцијата  за храна и ветеринарство од каде што соопштуваат дека информацијата е добиена преку Министерството за надворешни работи каде пристигнало известување од дипломатско конзуларното претставништво на Федерална Република Бразил во Софија дека на компанијата и е одземена лиценцата за извоз и оти е избришана од регистарот на овластени извозници на месо.

„Како одговорна институција за безбедноста на храната ја информираме јавноста дека по минатогодишните случувања и истрагите во месната индустрија во Бразил, АХВ е во постојана комуникација со амбасадата на Република Македонија во оваа јужноамериканска земја, со која се разменуваат информации за случувањата во месната индустрија, за што се информираат и стопанските комори во земјава“, посочуваат од АХВ.

Оттаму дополнуваат дека увозот на месо во Македонија се врши исклучиво од одобрени земји за увоз и од одобрени објекти и се додава дека секоја пратка задолжително е пропратена со ветеринарно здравствен сертификат со кој се гарантира безбедноста.

Слично

Поврзани вести