Бразил атрактивен, но и најскап за водење бизнис
Последната анализа на консултантска куќа КПМГ од земјите од БРИКС, покажа дека најскапата земја во развој за водење бизнис e Бразил, кој за само за седум проценти поевтин од САД. Сепак кога ќе се споредат даноците меѓу овие две земји, тогаш работењето во Бразил е за дури 43% поспако. Во извештајот “Конкурентни алтернативи” консултантска фирма КПМГ пресметува колкави се трошоците за водење бизнис во повеќе различни земји. Во извештајот се вклучени и големите земји во развој од групата БРИКС, Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Бразила е најскап за водење бизнис, покажаа податоците на КПМГ која ги споредуве во деветнаесет сектори на индустријата, од производство на автомобили до видео игри. Најниски трошоци има Кина, 25,8 отсто помалку отколку во САД, а Индија е на второ место со 25,3 отсто. Од Америка пак поскапи за бизнисмените се Германија за 0,1 отсто, Австралија за 3,7 отсто и Јапонија за дури 9,5 проценти. Во споредба на даноците и другите давачки, Бразил има за 43 проценти повисоки давачки од САД. Според КПМГ останува мистерија зошто некоја економија во развој има повисоки даноци од развиените земји.
Слично
