Братот на Вучиќ имал премиерско обезбедување, полицајците му се извинија затоа што го тепаа
Српскиот премиер Александар Вучиќ потврди дека неговиот брат Андреј и припадниците на неговото обезбедување биле претепани од полицајци во кордонот што ја обезбедувал Парадата на гордоста во Белград.
Сепак, за српскиот премиер „приказната е завршена“ и за инцидентот нема повеќе детали. Вучиќ на вонредна пресконференција појасни дека дошло до „пречекорување на овластувањата“ на полицајците, неговиот брат и обезбедувањето добиле потешки повреди, но нема да покренуваат приватни претставки против инволвираните полицајци.
Командантот на српската Жандармерија Миленко Божовиќ се извинил за инцидентот. Вучиќ потврди дека неговиот брат го придружувале дел од припадниците на премиерското обезбедување.
„Ова за мене е најтежок ден во секој поглед, но јас тука не сум како брат. Го сакам најмногу на светот и се што можам да кажам е дека беше многу тешко кога со раскрвавени глави влегоа тој и двајца припадници на моето обезбедување. Тие луѓе кои тоа го направија се извинија и нема да има пријави. Некогаш и мал збор е доволен, дури и за потешки повреди, рече Вучиќ.
Тој нагласи дека сите должат почит кон припадниците на полицијата, кои работат тешки задачи, „некогаш и спротивно на своите уверувања. „Јас ја разбирам таа нервоза, работеа нешто против своите уверувања“, рече Вучиќ, за кого ова прашање е затворено.
Слично
