Братот на Вучиќ го извлече „подебелиот крај“ за време на геј-парадата во Белград!
Припадници на српската жандармерија го тепале Андреј Вучиќ, брат на српскиот премиер Александар Вучиќ, и тројца припадници на неговото обезбедување.
Деталите за инцидентот кој се случи за време на полициската опсада заради Парадата на гордоста во Белград, засега не се познати.
Братот на српскиот премиер, со обезбедувањето се обидел да помине низ полицискиот кордон кај „Славија“, при што под неразјаснети околности дошло до судир со полициските сили.
Според „Блиц“, дошло до физичка пресметка затоа што припадниците на жандармеријата се обиделе да го легитимираат Вучиќ и неговата придружба. Неколку лица завршиле на Воено-медицинската академија во Белград, но степенот на нивните повреди не е познат.
Премиерот Александар Вучиќ за попладнево најави вонредна пресконференција, на која се очекува да зборува и за овој настан. Српскиот премиер претходно најави дека нема намера да присуствува на Парадата на гордоста на Белград во знак на поддршка, но дека има намера да преземе се за нејзино непречено одвивање.
Заарди одржувањето на геј-парадата целиот центар на Белград беше буквално отсечен и затворен со полициски кордони. Сепак на повеќе места во градот се забележани спорадични инциденти.
Слично
