Братот на уапсениот Пантиќ бара одговор каде е Дејан и во каква состојба е
Братот на уапсениот поранешен косовски полицаец Дејан Пантиќ, Синиша Пантиќ, за Косово онлајн изјави дека од првиот ден е на барикадите, но дека не знае ништо за својот брат. Тој додава дека најмногу би сакал брат му да биде ослободен. Ако тоа не се случи бара да биде во домашен притвор.
Основниот суд во Приштина му одреди мерка притвор од 30 дена на поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ, кој е приведен како осомничен дека минатата недела организирал вооружени напади врз полицијата и канцелариите на изборните комисии во општините со мнозинско српско население во северно Косово.
Фото: EPA/EFE/ Valdrin Xhemaj
Слично
