Братот на уапсениот кумановец тврди ги нападнала група Албанци
Со реакција на Фејсбук се јави братот на возачот на „Мерцедесот“, осомничен за убиство на Алмир Алиу од Куманово.
Тој објаснува дека тие немале намера да удрат во семејството Алиу, и дека бегале од група Албанци кои ги бркале со ножеви, палки, боскирачи.
“Не нападнаа за глупости… Влеговме во кола ни дотрчаа 3-4 Албанци ни ја скршија шофершајбната со боксачи ( веднаш повикавме полиција) ние побегнавме но завршивме во слепа улица. Продолжија да не бркаат околу 20 Албанци со ножеви, боксачи и слично. Брат ми за да ги избегне удри во ѕид за жал тука било дете ние не можевме да видиме ништо, затоа што ни е скршена шофершајбната и бевме испаничени. Јас не знам каков човек напаѓа луѓе со цел да ги тепа/убие пред сопственото дете за банална расправија поради ред во болница и со тоа го доведува во опасност. И дали тие навистина се жртви? Јас имам 5 посекотини од нож, повеќе пати сум удрен со тврд предмет по глава и тело. Навистина е греота за детето и ние жалиме ама како би вие реагирале да се најдете во ваква ситуација и да ви е загрозен вашиот живот и животот на вашата фамилија? Во сите медиуми пишува како ние сме ги чекале да ги згазиме никој не ја напиша вистината што навистина се случи” - пишува момчето на Фејсбук.Пет лица добија кривични пријави поради учество во инцидентот.
Слично
