Брашното стана луксуз во Африка
Пченичното брашно во Африка поскапе за околу 45 oтсто поради војната во Украина.
Транспортот преку Црното Море е блокиран. Некои држави, како Сомалија, добиваат повеќе од 90 отсто од пченицата од Русија и Украина, па оваа ситуација принуди голем број луѓе да ја заменат пченицата со други житни култури, пренесува АП. Војната во Украина за сиромашните ширум светот е „нова катастрофа на веќе постоечката“. Во Африка голем е бројот на луѓето кои гладуваат, а претходно имаше и предупредување дека војната во Украина милиони луѓе ќе остави гладни на овој континент.
Во светот храната поскапува, поради војната, климатските промени, а претходно проблем беше пандемијата и затворањата.
Слично
