БРАШНО, МАСЛО И ШЕЌЕР - српската Влада ја ограничи цената на основните намирници
Владата на Република Србија на денешната седница ја усвои Регулативата за ограничување на цената на основните прехранбени производи со која се ограничува цената на сончогледовото масло за јадење на 219,99 динари за литар, белиот кристален шеќер на 114,99 динари за килограм и брашното од типот Т- 400 на износ од 84,7 динари за килограм, се вели во соопштението на Владата.
Како што се наведува во соопштението, за да се спречат поголеми нарушувања и да се зачува животниот стандард на населението, Владата со изменета регулатива ги ограничи цените на нафтените деривати, а имајќи предвид дека оперативните трошоци на стопанските субјекти кои тргуваат со нафтените деривати се зголемија, беше одлучено да се зголеми износот на маржата што може да ја наплатат, со цел товарот од кризата што е можно подеднакво да се распредели на сите учесници на пазарот.
На седницата беше изменета и Одлуката со која привремена забрана за извоз на еуро дизел EN 590 трае уште 15 дена, додека Владата на Србија со Одлуката за привремено ограничување на извозот на дрвени пелети овозможи извоз на тој производ до 31 јануари 2023 година во одредена квота која изнесува 24.000 тони.
Денеска е донесена и изменета Уредбата за продолжување на рокот за поднесување барања за субвенционирана распределба на сигурносни рамки за трактори до 26 декември 2022 година, поради големиот број заинтересирани граѓани.
