Браншата во која жените заработуваат 75 проценти повеќе од мажите...
Обично мажите во повеќе сектори заработуваат повеќе од жените, но тоа не е случај со модата каде жените заработуваат за 75% повеќе.
Манекенките заработуваат милиони долари повеќе од мажите во светот.
Иако се повлече, 36 годишната Жисел Бундхен заработува добро и е на врвот на листата на Форбс и оваа година.
Оваа година заработила 30.5 милиони долари или за 20 милиони повеќе од Андријана Лима.
Мажите за овие суми можат само да сонуваат. Разликата се должи на тоа што женската модна индустрија отсекогаш имала повеќе пари.
За настап на модна ревија светските манекенки добиваат по 52.000 долари, а манекените само 13.000 долари.
И рекламите се исплатливи, но нив ги добиваат само познати лица.
Сепак, и мажите имаат една предноста, а тоа се годините. Ако жените кариерата ја завршуваат на 30 години, мажите манекени тогаш имаат најмногу работа.
