Бранови од четири метри ја поплавија Будва, реагираа спасувачите
Црногорската метропола на туризмот Будва, во попладневните часови ја погоди невреме, а поради брановите високи до четири метри на плажите мораа да интервенираат и спасувачите.
На плажите во Будва се подигнати црвени знамиња но, како што јавува репортерот на Радио телевизија Црна Гора, то не ги спречи „храбрите“ капачи да останат во морето и покрај предупредувањата на спасувачите.
Од Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија е соопштено дека во Црна Гора наредните два дена ќе биде променливо облачно со сончеви интервали, но и услови за повремен дожд или локален кратекотраен дожд со грмотевици.
За викендо најавуваат претежно сончево, а во северните предели променливо облачно и попладне на места врнежливо со грмотевици.
