Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРАНОТ НЕ ЗАПИРА: Вчера издадени 1830 потврди за барање азил

БРАНОТ НЕ ЗАПИРА: Вчера издадени 1830 потврди за барање азил

Вкупно 1830 потврди за барање азил издале вчера надлежните.

Од нив 1112 се барања од странски државјани од машки пол, додека 404 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 63 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.270,  Авганистан –366, Ирак-90, Пакистан-68, Иран-15, додека другите се во помал број.

Приливот на бегалци кои транзитираат низ Македонија па се до европските земји, а најмногу во Германија не запира.

Секојдневно се повеќе расте бројот на лица кои бегаат од Сирија, Авганистан и Блискиот исток во потрага по подобар живот и бараат засолниште од војните кои беснаат со години на нивна територија.

Само за денес се очекува да поминат 6000 мигранти низ Македонија.

Според проценката на сите чинители вклучени во справувањето со бегалската криза присутни во прифатниот камп во Гевгелија во текот на вчерашниот ден низ нашава земја транзитирале околу 6.000 мигранти од прифатниот камп во Гевгелија до Табановце.

Слично

Поврзани вести