Бранко Азески е поставен за в.д.претседател, што е Коморскиот инвестициски форум (КИФ)?
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, е избран за вршител на должност претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој ги обединува стопанските комори од регионот на Западен Балкан и е дел од иницијативата „Берлински процес“ започната од поранешната канцеларка Ангела Меркел.
Коморскиот инвестициски форум (КИФ), познат и како WB6 CIF (Western Balkans 6 Chamber Investment Forum), е заедничка организација на стопанските комори од шесте економии на Западен Балкан. Форумот е основан во 2017 година со цел да го претставува заедничкиот глас на бизнис-заедницата во регионот и да го промовира Западен Балкан како единствена инвестициска дестинација.

КИФ претставува околу 350.000–400.000 компании. Учествува во креирањето на економските политики на Европската унија кон Западен Балкан. Седиштето е во Трст, а има подружници во сите шест земји на Западен баллкан
КИФ има совет во кој се најголемите бизнисмени на овие шест земји, а од кај нас во истиот има претставници од компании како М-6 и Алкалоид.
Слично
