„Бранителот на Европа 21“ брои 28.000 војници и невидено оружје од Втората светска војна досега: НАТО воена вежба во Албанија
Во пресрет на големата вежба
на НАТО во Албанија, во Драч пристигна воена опрема, која според американските
власти не е видена уште од Втората светска војна, пренесува порталот Репортери.
Околу 700 парчиња воена опрема од Националната гарда на Флорида пристигнаа денеска во Драч, што ќе се користи за време на двонеделната вежба во која околу 6.000 американски војници ќе учествуваат во шест албански воени бази.
Вежбата ќе се одржи од 17 мај до 2 јуни, како дел од големата меѓународна воена вежба „Бранител на Европа 21“, предводена од САД. Околу 28.000 војници од 27 сојузнички земји учествуваат во вежбата оваа година.
Операциите ќе бидат извршени на повеќе од 30 воени полигони за обука.
AP/Photo
Слично
