Бранителите се обединија и потпишаа Декларација за остварување на нивните права
Бранителите од 2001-та, незадоволни од предлог законот за бранители, потпишаа Декларација со која се обединуваат во остварувањето на правата кои ги заслужуваат.
Откако ја ислуша химната и им оддадоа почит на загинатите, здруженијата ја потпишаа Декларацијата и побараа да им се признае она што го сториле во 2001 година.
Според иницијаторот, Македонскиот форум за безбедност, целта е да прекинат делбите меѓу бранителите ,но и да се изгради сопствена агенда.
Меѓу говорниците кои го поддржаа процесот беа претставници на здруженија на бранители од повеќе градови, но и членови на други организации од доменот на безбедноста, Армијата и Министерството за одбрана.
Велат, 12 години по конфликтот се уште има 13 семејства и 60 ранети бранители кои државата не ги обештети.
Во 2001-та се бореа за Македонија, сега велат во својата држава се чуствуваат како граѓани од втор ред. Институциите велат не реагираат ниту на барањата за нивните заслужени права, ниту пак што во државата се веат туѓи знамиња.
Бранителите го изразија незадоволството од тоа што поранешни командандти на ОНА станаа министри поради амнестија на хашките случаи.
Велат, во 2001-та војната била изгубена поради политичките договори, сега во Декларацијата стои дека нема да дозволат никакво политичко влијание.
Од министерството за одбрана се надеваат дека конечно бранителите ќе го најдат местото во општеството.
Декларацијата ја потпишаа 9 здруженија на бранители. Неколку од нив не беа присутни, но според иницијаторите сите бранители се сложни кога ги бараат правата кои државата со закон се обврзала да им ги даде.
