Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРАНИМИР ЈОВАНОВИЌ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПРОГРЕСИВНИОТ ДАНОК: Што сеете, тоа и ќе жнеете

БРАНИМИР ЈОВАНОВИЌ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПРОГРЕСИВНИОТ ДАНОК: Што сеете, тоа и ќе жнеете

Kритика до Владата за одложување на прогресивниот данок упати и поранешниот советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ. 

„Да бидеме начисто. Со одлуката да го „одложи“ прогресивниот данок, Владата ќе им даде 30-40 милиони евра на најбогатите 1% во оваа држава. Не на сиромашните, не на работниците, не на земјоделците, не на студентите, не на младите, туку на Заевци, Кочовци, Нини, Камчевци и Мијалковци. И, ок, легитимно е. Легитимно е, па и логично, Влада водена од богаташи, да се грижи за богатите, а не за сиромашните. Ама немојте да кажувате дека сте левичари и дека се залагате за социјална правда. Немојте да зборувате дека се залагате за подобро здравство, подобро образование и еднакви можности за сите. Немојте да тврдите дека се застапувате за сиромашните, работниците, земјоделците, студентите, обичните луѓе, народот. И немојте да ги барате нивните гласови на следните избори. И немојте да се изненадите кога тие нема да гласаат за вас. И кога ќе завршите неславно, како најкратката Влада во историјата на оваа земја. Зашто, како што кажал нашиот народ, што сеете, тоа и ќе жнеете“, пишува Јовановиќ на Фејсбук. 


Владата го стопираше прогресивниот данок на доход и го врати стариот. Владата го стави прогресивниот данок на личен доход во мирување од 36 месеци, односно до 1 јануари 2023 затоа што, како што рече министерката за финансии Нина Ангеловска, не бил постигнат посакуваниот ефект.  И екс министерот за финансии, Драган Тевдовски на социјалните мрежи реагираше по денешната одлука на Владата да го стави прогресивниот данок во мирување за период од три години.

Слично

Поврзани вести