Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бранимир Јовановиќ си оди од Министерството за финансии

Бранимир Јовановиќ си оди од Министерството за финансии

Бранимир Јовановиќ попладнево на Фејсбук информираше дека се повлекува од функцијата посебен советник за макроекономска политика во Министерството за финансии. Тој вели дека одлуката ја донел пред некое време, но чекал првин да поминат изборите.

„Имаше сѐ во овие две години, но сепак си заминувам со позитивни впечатоци. Бевме одличен тим и функциониравме навистина добро. Направивме доста работи, од кои најважна за мене е даночната реформа. Ги подобривме буџетските приходи, го намаливме дефицитот, го стабилизиравме јавниот долг. Кратко кажано – ги средивме државните финансии“ – напиша Јовановиќ на Фејсбук.


Тој вели дека сака повеќе да се посвети на семејството и блиските бидејќи во минатиот период ги запоставил.

Joвановиќ стана познат во јавноста за време на Шарената револуција. 

Слично

Поврзани вести