Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бранимир Јовановиќ: И двата „аргументи“ на Нина Ангеловска не држат вода

Бранимир Јовановиќ: И двата „аргументи“ на Нина Ангеловска не држат вода

Бранимир Јовоановиќ, поранешниот советник на екс-министерот за финансии Драган Тевдовски, во денешната колумна за „Призма“ тврди дека се неиздржани и двата аргументи на Нина Ангеловска, актуелниот чувар на државната каса, за укинувањето на прогресивниот данок од страна на Владата.

Ангеловска вчера објави дека прогресивниот данок на личен доход не ја намалил нееднаквоста доволно, односно, Џини коефициентот се намалил за само 1 процентен поен, и дека имало избегнување на данокот, односно, биле изгубени околу 50% од приходите кои можеле да се соберат, па токму затоа тој се „замрзнува“ и се враќа рамниот до 2023.

„Тоа што Министерката смета дека намалувањето на Џини коефициентот за 1 процентен поен за половина година е мало намалување, е елементарно непознавање и целосно неразбирање на проблематиката на нееднаквоста, што можеби и не чуди, знаејќи дека доаѓа од бизнисот. Но, добро упатените знаат дека пред некој ден излегоа податоците за нееднаквоста за 2018 година, и дека Џини коефициентот тогаш, со покачувањето на минималната плата од 25%, се намалил за 0,6 процентни поени. Зарем не е логично, доколку сметате дека нееднаквоста не се намалила доволно, да воведете уште една, а можеби и две стапки?“, пишува Јовановиќ.

Тој го оценува и како паушално тврдењето на Ангеловска дека некои обврзници ги немало во системот во 2019 година, и со тоа дека некои физички лица одлучиле дел од своите приходи да ги префрлаат на други лица, за да не го надминат прагот за повисоката даночна стапка.

„Околу „исчезнувањето“ од системот, да, нормално е некои даночни обврзници кои ги имало во системот во 2018, да ги нема во 2019. Илјадници луѓе се иселуваат секоја година од државава, има луѓе кои остануваат без работа, а има и луѓе кои умираат. Но, од друга страна, секоја година во системот влегуваат и нови обврзници, поради што е битен вкупниот број на даночни обврзници. Министерката не кажа дали вкупниот број обврзници се намалил или не (таа всушност не кажа ни колку обврзници исчезнале од системот, но добро). Но, со оглед на тоа што бројот на вработени во првата половина на 2019 е зголемен за околу 40.000 лица, јас сум прилично сигурен дека вкупниот број на лица во системот воопшто не е намален, туку веројатно е и зголемен.


Слично

Поврзани вести