БРАНИМИР ЈОВАНОВИЌ: 2015 е година на протестот!
Фактор ги праша познатите: „Кој настан и која личност ја обележаа 2015 година“.
Економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ вели дека за него настан на годината е „протестот“ а личност на годината е „протестирачот“!
2015. година ја одбележаа протестите. Оттука, настанот на годината за мене е протестот, т.е. сите протести кои се случија во текот на оваа година – за подобро образование, за новинарски слободи, против деспотскиот закон за хонорарци, против полициската бруталност, против лошото владеење на оваа влада... Следствено, личност на годината за мене е протестирачот, т.е. сите мажи и жени оние кои излегоа на протести во текот на оваа година, кои здружно маршираа, носеа транспаренти, извикуваа пароли, фрлаа јајца врз Владата... Конечно успеавме да го скршивме оној стереотип, дека сме пасивни, плашливи, трпеливи. Докажавме, пред сè на самите себе, дека можеме многу. Тоа, а не оние ситни победи, како одложувањето на екстерното тестирање или повлекувањето на законот за хонорарци, е главната победа која ја извојувавме со протестите.
