Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бракот како заедница само на маж и жена – зошто не помина пред девет месеци, а ќе помине сега?

Бракот како заедница само на маж и жена – зошто не помина пред девет месеци, а ќе помине сега?
Уставните измени за дефинирање на бракот како заедница единствено на еден маж и една жена, што е дел од пакетот за промена на Уставот што го најави Владата, не е новина во Македонија. Пред само девет месеци, Собранието се изјасни и го отфрли ваквиот предлог. Измените тогаш ги предлагаше пратеникот Влатко Ѓорчев. Со критики за ваквиот предлог се огласија повеќе невладини организации. По долготрајната расправа во јавноста, на конечното гласање во септември лани, 47 пратеници гласаа ЗА, против беа 26, а 12 воздржани. Поддршка на Предлогот дадоа пратениците од ВМРО ДПМНЕ , против беа СДСМ и ДПА, додека од ДУИ беа воздржани. Овојпат ситуацијата на во Собранието е поинаква. Со оглед на тоа што предлогот доаѓа од Владата, може да се очекува дека сега поддршка за него ќе дадат и пратениците на ДУИ, подеднакво како и оние на ВМРО-ДПМНЕ. Освен ова, крупните промени на  Уставот се предлагаат во време кога речиси целата опозиција е надвор од Собранието, како на резултат на бојкотот за неприфаќање на уставните резултати. Дефинирањето на бракот како заедница на еден маж и една жена е само една од предложените осум уставни измени, што Владата ги усвои и ќе ги достави до Собранието, објави денеска премиерот Никола Груевски.
Слично

Поврзани вести