Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФЕРШПЕД: Браќата Накови најголеми газди, акциите на „Консалтинг инвестмент син“ се стопија во фирмата!

ФЕРШПЕД: Браќата Накови најголеми газди, акциите на „Консалтинг инвестмент син“ се стопија во фирмата!
Според најновите официјални податоци на Управата за јавни приходи друштвото „Консалтинг инвесмент син ДОО“ е во ликвидација Драган и Сашо Накови, синовите на Штерјо, се најголеми акционери во „Фершпед“ откако од акционерската структура истапи  фирмата „Консалтинг инвестментс син“ која беше најголем поединечен акционер, покажуваат официјалните податоци што денеска ги објави Централниот депозитар за хартии од вредност. Од денеска најголем поединечен акционер е Драган Наков со 11,83 отсто од акциите, по што следува неговиот брат Сашо Наков со 11,04 отсто од акциите со право на глас. Според официјалната јавнодостапна евиденција трет најголем поединечен акционер во „Фершпед“ е Драгослав Димевски, поранешен диркетор во таа компанија, со посед врз 5 отсто од гласовите. Компанијата „Консалтинг инвестмент син ДОО“, која поседуваше 15,22 отсто од акциите повеќе не е акционер во „Фершпед“, ова го потврди денеска и изводот од евиденцијата на ЦДХВ. Тоа значи дека сите акции што ги поседуваше таа фирма уште се наоѓаат во акционерската структура на „Фершпед“, но сега се на различни сопственички сметки. Како што Фактор прогнозираше, многу е веројатно дека сега во акционерската структура на „Фершпед“ има најмалку четворица сопственици на акции кај кои се прераспределени тие 15,22 отсто од акциите што претходно ги поседуваше фирмата „Консалтинг инвестмент син ДОО“ која се водеше во регистарот на ЦДХВ. Во акционерската структура на „Фершпед“ сега има најмалку 4 нови акционери од кои секој поседува помалку од 5 отсто од акциите и со тоа не го исполнува условот од Законот за хартии од вредност да се најде во јавната евиденција на сопственици кои имаат најмалку 5 отсто од капиталот. Можно е стекот на „Консалтинг инвестмент син ДОО“ да е прераспределен и на повеќе мали акционери (физички и правни лица) кои и претходно биле акционери, но поседувале малку акции и по приливот на акциите сепак останале под законската маргина од 5 отсто акции од сопственичката структура со што не го исполнуваат условот да бидат јавни поседници на капитал во „Фершпед“. Македонската берза во четвртокот попладне објавни ценовно-чувствителна информација од „Фершпед“ во која компанијата објави дека друштвото „Консалтинг инвестмент син ДООЕЛ“ повеќе не е акционер во „Фершпед“. Ова е дискутабилно заради тоа што во акционерската структура на „Фершпед“ регистриран акционер до 2 јуни 2014 година беше „Консалтинг инвестмент син ДОО“, а не фирмата со истиот назив, но со наставката ДООЕЛ. За жал до денеска ниту Македонската берза ниту „Фершпед“ не објавија исправка или објаснување за тоа дали се работи за печатна грешка и технички ненамерен пропуст. „Консалтинг инвестмент син“ во акционерската структура на „Фершпед“ влезе лани во декември. Најголем дел од акциите со кои располагаше таа компанија беа акции кои како свој основачки влог во таа фирма ги внесе Кираца Трајковска. Пред тоа Трајковска поседуваше 10,6 отсто од „Фершпед“. Според најновите официјални податоци на Управата за јавни приходи друштвото „Консалтинг инвесмент син ДОО“ е во ликвидација. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести