Брачниот пар битолчани, во мотелот се предозирале со метадон
Брачниот пад Кашмир и Ѓултен, чии тела беа најдени во фаза на распаѓање во битослки мотел, починале од предозираност со метадон.
И двајцата биле наркозависници, а нивниот бурен живот остави зад себе 4 сирачиња.
Ѓултен се лекувала од зависност, а децата останале со таткото. Тој пак, се лекувал во психијатриската болница во Демир Хисар, по што и на двајцата им било одземено родителското право.
Трите деца на возраст од 5 до 11 години биле згрижени во домот 11 Октомври во Скопје, а за најмалото, 2,5 годишно девојче, старателството го добила мајката на Ѓултен.
Брачниот пар биле заедно 12 години, па се разделиле. Но, од неодамна почнале повторно да се среќаваат.
Мајката на Ѓултен вели дека ќе го тужи битолскиот мотел, каде беше пронајдено мртвото тело на ќерка и`.
- Како е можно десет дена никој да не влезе да види што се случува во собата? - прашува таа.
Од мотелот велат дека од кај нив работата е чиста, зашто парот собата ја изнајмил на подолг период, а тие немале обврска да ги проверуваат по собите.
На крајот непријатната миризба ги натерала на сила да ја отворат и внатре ги нашле сопружниците мртви.
И по обдукцијата од полиција немаат точен податок колку време брачните партнери лежеле голи и мртви во собата во мотелот. На местото биле пронајдени шприцови со игли и две шишенца од метадон.
