Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРАЧЕН ПАР ПО КАВГА ЛЕТНА ВО КАЛИМАНЦИ: Жената се удавила, по мажот уште се трага

БРАЧЕН ПАР ПО КАВГА ЛЕТНА ВО КАЛИМАНЦИ: Жената се удавила, по мажот уште се трага

Уште една трагедија ја тресе Македонија.

Сопружници од с. Дулица, Македонска Каменица загинале во водите на вештачкото езеро Калиманци. Засега  е најдено само телото на жената (31) Т.С.

Пред да се случи несреќата, според официјални информации на надлежните служби брачната двојка имала расправија во куќата на жената и нејзините родители.

Мајката на починатата пријавила во полиција дека дошол нејзиниот зет Д.С. (41), по што почнале жестока расправија со нејзината ќерка. Се слушнал и вресок. Во еден момент брачната двојка од селото Дулица во општина Македонска Каменица влегле во автомобилот „Форд“ и заминале во непознат правец.

Телото на жената било најдено на површината на езерото Калиманци, а трагите од возилот забележани на брегот на бараната, ја водат полицијата кон претпоставки дека автомобилот и телото на мажот се во браната.

Безживотното тело на младата Т.С било однесено во блиската делчевска болница каде лекарите констатирале смрт од давење, но видливи били и траги од насилство.

МВР интензивно трага по возилот и мажот.

Слично

Поврзани вести