БОЖИНОВСКА СЕ СРЕТНА СО МАРИО ДЕ РОСА: Разговараа за соработка во повеќе области
Министерката за енергетика рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска оствари средба со заменик шефот на мисијата на Италијанската амбасада во
Македонија, Марио Де Роса и претставници на Италијанската банка за развој (ЦДП -Cassa Depositi e Prestiti).

„Денес остварив средба со заменик шефот на мисијата на Италијанската амбасада во Македонија г-дин д-р Марио Де Роса и претставници на Италијанската банка за развој (ЦДП - Cassa Depositi e Prestiti), која преку својот пристап до фондовите на WBIF, кој имаат за цел да се зајакне социо-економскиот развој на регионот и да придонесе за европската перспектива на Западен Балкан, обезбедува инвестициски грантови и техничка помош посебно на компании во државна сопственост, а за таа цел отворена е и канцеларија во Белград, наменета за целиот регион на Западен Балкан. Соговорниците подетално ме запознаа со нивните активности и деловната стратегија што ќе ја спроведат со цел да се обезбеди поддршка на јавниот и приватниот сектор во нашата земја во областа на одржливиот и инклузивен развој. Се разговараше за потенцијалот за соработка во повеќе области, со посебен фокус на енергетиката и зелената транзиција“, вели министерката.
