Економија, финансии, бизнис

Контакт

Божиновска: Нема да има никаква криза, ниту рестрикции на струја

Божиновска: Нема да има никаква криза, ниту рестрикции на струја

Нема да има никаква криза, ниту рестрикции на струја, вели министерката за енергетика Сања Божиновска, откако ЕСМ побара од Владата прогласување на кризна состојба на пазарот со електрична енергија. Отежната е набавката на енергенси заради блокадата на границите со јужниот сосед. Таму грчките земјоделци со денови блокираат патишта. 

Министерката кажа дека утре на владина седница ќе се разгледува барањето на ЕСМ со кое треба да се активираат државните резерви.

„Нема да има никаква криза. За граѓаните тоа нема да значи ништо, бидејќи државата има резерви на мазут. Тоа значи дека ако, знаете дека има протести со Грците, значи има веќе повеќе од 50 дена неможност да се добави мазут. Тоа значи дека државните резерви ќе ги снабдат ЕСМ со мазут“, порача Божиновска.

Во резервите имаме 10.500 тони мазут, кои се доволни за 47 денови.

Слично

Поврзани вести