Божиновска не очекува проблеми со снабдувањето со гас по одлуката на ЕУ
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровии Сања Божиновска,
на прашањето дали треба да сме загрижени за новата одлука на ЕУ за забрана на транзит на европски гас со оглед на тоа што и терминалот Александрополус не работи, на денешниот брифинг рече дека не очекува проблем во снабдувањето.
Советот на ЕУ вчера постигна договор за преговарачката позиција на земјите членки за Предлог-регулативата за прекин на увозот на руски енергенси.
Божиновска, денеска на новинарско прашање рече дека до 2027 година треба да биде готов гасоводот со Грција и оти на ниво на ЕУ ќе се бара алтернативно решение.
– Тоа важи за краткорочните договори, колку што ми е познато, но бидејќи го ставија од 1.1.2027 година мислам дека ќе има уште некое подобрување. За долгорочните не влијае ништо тука. Македонија троши 500 илјади метри кубни што не е голема количина. За од 2027 година веќе работиме на гасоводот со Грција, дотогаш би требало да биде готов и мислам дека нема да има проблем бидејќи тоа ќе се решава на европско ниво, значи на ниво на ЕУ сите тие што нема да можат и ќе треба да бараат алтернативи. Во Брисел ќе има разговори и ќе се пронајде алтернативно решение секако, рече Божиновска,
И во случај ако не го направиме гасоводот и не работи Александропулис, потенцираше дека не треба да се грижиме и оти нема да останеме без гас.
