ПРОМЕНИ ВО СТОПАНСКА БАНКА: Зорица Божиновска Лазаревска поднесе оставка од функцијата
Стопанска банка АД Скопје ја информираше македонската берза дека независниот член на Одборот за ревизија на Банката, Зорица Божиновска Лазаревска, поднела оставка од функцијата.
„Со своето искуство и експертиза, проф. Божиновска-Лазаревска даде значаен придонес во работата на Одборот за ревизија, а Банката очекува продолжување на ангажманот во насока на унапредување на корпоративното управување во Надзорниот одбор“, информираа од Стопанска банка.
Слично
