Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОЖИКНИ БОНУСИ ОД БЛИЗУ 6.000 ЕВРА: Германски компании ги наградуваат своите вработени на крајот на годината

БОЖИКНИ БОНУСИ ОД БЛИЗУ 6.000 ЕВРА: Германски компании ги наградуваат своите вработени на крајот на годината

Во категоријата највисоки германски божиќни бонуси има вработени во секторот за производство на нафта и гас, каде просечниот божиќен бонус изнесува 5.733 евра. Нешто помал божиќен бонус од 5.586 евра имаат вработените во секторот преработка на минерални масла.

Во познатите германски компании како Мерцедес, Бош и Порше, вработените имаат право и на божиќен бонус.

Во Bosch стандардната плата е максимум околу 6.000 евра. Оваа плата доаѓа со божиќен бонус од 3.300 евра.

Porsche оди чекор подалеку и веќе долги години додава 55 проценти на целосната 13-та плата. И вработените во Мерцедес можат да се радуваат на високи божиќни бонуси.

Најмал божиќен бонус се исплатува на работниците кои работат преку агенции, а во просек изнесува 380 евра.

ФОТО: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Слично

Поврзани вести