Божиновска: Тоа што го прави Жерновски не го правел ниту Хитлер
Андреј Жерновски е олицетворение на мрачните и деструктивни сили кои се креваат против бога, црквата и културата. Наместо да гради културни и духовни храмови, тој ги урива вели за Телма претседателката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска.
-Тоа што го прави Жерновски е најголемо злосторство, вели категорично Божиновска.
Божиновска во изјава за Телма вели дека ова што денес го прави Жерновски не го правел дури ни Хитлер. Смета дека е оправдана реакцијата на дел од граѓаните кои протестираа пред општина Центар спротиставувајќи се на измените на Детланиот урбанистички план.
-Ове е неговото последно владеење, му порача Божиновска на Жерновски.
Божиновска најави дека ќе ги употребат сите механизми за да се изгради црквата Свети Константин и Елена.
Слично
