Економија, финансии, бизнис

Контакт

Божиновска го честита Рамазан Бајрам со желби за среќа и здравје

Божиновска го честита Рамазан Бајрам со желби за среќа и здравје

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска испрати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, по повод празникот Рамазан Бајрам.

Нека овој Рамазански Бајрам, се наведува во честитката, уште еднаш нè потсети на трајноста на овие духовни вредности и дека само со нивно негување, и исполнетост со меѓусебно почитување, толеранција и соработка, можеме да придонесеме за темелен напредок во нашиот живот и во нашето општество.

„Празникот Рамазан Бајрам е радост за сите муслимански верници, вдахновение на љубовта, верноста, мирот, како и поттик за воспоставување на што подобри односи со блиските, пријателите и со сите луѓе со добра волја. Големата духовна сила и цврстата волја кои следуваат по триесетдневниот рамазански пост, самоуверено и храбро да Ве водат кон споделување на вистинските вредности на семејната блискост, љубовта и меѓусебното пријателство и со припадниците на другите вери и традиции“ - пишува  во честитката.

Божиновска им посакува деновите на овој голем празник да ги поминат во кругот на семејствата, во добро здравје, расположение и среќа.

Слично

Поврзани вести