Економија, финансии, бизнис

Контакт

Божикен шаховски викенд турнир – Карпош 2014

Божикен шаховски викенд турнир – Карпош 2014
Во организација на Општина Карпош, во просториите на ШК ,,Гамбит Ассеко СЕЕ’’ започна третиот традиционален ,,Божикен шаховски викенд турнир’’ – Карпош 2014, на кој 63 љубители на шахот во девет одиграни кола  ќе ги демонстрираат своите познавања од оваа древна вештина. На денешното натпреварување учествуваат шахистите-аматери, кои на официјалната ФИДЕ листа имаат  рејтинг до 2100 поени. Денеска е  ден резервиран за професионалните играчи на шах, при што се очекува возбудлива игра и беспрекорно спортско надмудрување. Турнирот за кој  локалната самоуправа обезбеди вкупен награден фонд од 100.000 денари, се игра по Швајцарски систем по правилата на ФИДЕ за забрзан шах. Инаку бордот на Европската шаховска унија (ЕЦУ) донесе одлука организатор на Европското првенство 2015 да биде Општина Карпош. Главна референца за добивање на ова престижно натпреварување е успешното организирање на турнирот „Карпош Опен“.
Слично

Поврзани вести