Економија, финансии, бизнис

Контакт

Божидар Димитров од Софија: Ахмети за премиер на Македонија!

Божидар Димитров од Софија: Ахмети за премиер на Македонија!
„Али Ахмети докажа дека е способен да биде премиер на Македонија“, изјави директорот на Националниот историски музеј, Божидар Димитров по подетата на претседателот на ДУИ во Бугарија кога побара да се реши спорот за името со Грција и го посочи предлогот „Готна Македонија. Во изјавата за  бугарската агенција Фокус, професорот Димитров вели дека Ахмети е спремен политичар. „Презентацијата на Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција, за време на меѓународната конференција во Софија „Балканот од 100 години - од војна кон мир“ покажа дека албанската етничка заедница во Македонија отсекогаш имала многу повеќе подготвени политички лидери. Ахмети докажа дека односите можат да одат во сосема поинаква насока, и ако еден ден тој биде премиер на Република Македонија тогаш односите со Грција, Бугарија, Албанија, но и со Косово ќе расцветаат, а Македонија може да излезе од изолацијата која сама на себе си ја наметнува“, изјави Димитров.
Слично

Поврзани вести