Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОСНА ЌЕ ФРЛИ НАЈМАЛКУ 600.000 ВАКЦИНИ: Половината се Астразенека

БОСНА ЌЕ ФРЛИ НАЈМАЛКУ 600.000 ВАКЦИНИ: Половината се Астразенека

Во БиХ во моментов чекаат да бидат уништени повеќе од 600.000 вакцини против корона вирусот, а евидентно е дека најголемиот број се од британско-шведската компанија Астразенека.

Како што соопштија за „Независне новине“ од Институтот за јавно здравје на Република Српска, до 31 октомври во Српска истекол рокот на 330.587 вакцини против ковид, а и претходно медиумите во БиХ пишуваа дека повеќе од 200.000 вакцини пропаднале на последниот ден од октомври. Според неофицијални информации, оваа бројка веројатно е уште поголема и изнесува околу 300.000.

Според лекарите, една од причините зошто на толку голем број вакцини им изминал рокот на употреба е поради тоа што повеќето од нив биле донирани, и имале и пократок рок на траење.

Од друга страна, лекарите посочуваат дека е забележлива негативната кампања против вакцинацијата, особено кога станува збор за вакцината на компанијата Астразенека, која започна во земјите од Европската унија кога ја поврзаа со случаите на белодробна емболија. 


Слично

Поврзани вести