Економија, финансии, бизнис

Контакт

Босна ќе поднесе барање за членство во ЕУ за месец – два

Босна ќе поднесе барање за членство во ЕУ за месец – два

Босна и Херцеговина за месец или два ќе поднесе барање за членство во ЕУ, соопшти босанската телевизија N1, повикувајќи се на премиерот Денис Звиздич.

За време на прес-конференција во Брисел по првиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација на БиХ во ЕУ, тој објави дека земјата ќе поднесе барање за членство за месец - два.

"Тоа е нашата крајна цел, која нема алтернатива", рече тој.

"Денес ние разговаравме за три главни теми - имено економските реформи, договорот за трговија меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина и механизмот за координација како инструмент, кој ќе ни овозможи да ја прифатиме правната рамка на ЕУ", рече Звиздич.

"Првото заседание на Советот за стабилизација и асоцијација е важна пресвртница во зајакнувањето на политичкиот дијалог помеѓу БиХ и ЕУ", истакна тој.

Спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу БиХ и ЕУ, која стапи во сила на 1 јуни оваа година, и овозможува на земјата да аплицира за членство во ЕУ.

Слично

Поврзани вести