Босна ќе поднесе барање за членство во ЕУ во почетокот на 2016 година
Босна и Херцеговина планира да поднесе официјално барање за членство во ЕУ на почетокот од следната година, соопштија членовите на претседателството во Сараево за време на состанокот со претставникот на Унијата во земјата Валентин Инцко.
Главна тема на средбата меѓу нив била политичко-економската состојба на државата и исполнувањето на условите за членство на Босна во ЕУ и НАТО.
Во своите разговори босанските членови на Претседателството се изјасниле за својата заедничка позиција, дека треба да се работи за постигнување на резултати во однос на напредокот на Босна кон членството и во меѓународните организации.
Слично
